Здружение за развој на култура, образование и здравство „КАЖИ ДОБРО СЕЈ ОК“
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 65.950 МКД
Времетраење: 22.04 – 22.05.2020
Конституенти
Сите лица кои одат на работа во оваа кризна ситуација и децата со родителите кои придонесуваат за будење на оптимизмот
Наслов
Нема ни виножито без дожд
За што е потребна акцијата
Враќање на позитивното гледиште кон иднината инспирирано од најмладите преку цртање виножито како симбол на надежта и радоста. Акцијата ќе биде фокусирана во с. Лабуништа- општина Струга, каде психолошката поддршка е од круцијална важност.
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Психолошки стимул од рестриктивните мерки поради КОВИД-19
- Специфична цел: Идејата е придонес за општеството, пред се за родителите и децата каде преку цртањето на виножито кое е симбол на надеж и радост ќе се внесе светла нота кон оние кои мора да одат на работа и ги гледаат празните улици. Преку визулените позитивни пораки ќе се даде придонес за подигнување на оптимистички ставови кои ќе го мотивираат секој минувач да знае дека сето ова ќе помине.
Резултати
- Соработка помеѓу децата и родителите квалитетно искористување на времето во домот
- Психолошка поддршка на семејството во време на КОВИД-19
- Влевање надеж на сите кои одат на работа преку виножита нацртани на прозорите
Активности
- Доделување флаери за информации за КОВИД-19 со позитивни пораки и примери;
- Цртање на прозорци со виножито од стана на децата и родителите;
- Доделување на средства за заштита од КОВИД-19 на секој кој ќе биде вклучен во акцијата;
- Доделување на образовни материјали за полесно следење на онлајн наставата на децата како и благодарност за учество во акцијата;
- Онлајн мотивациски пораки кон лицата кои се најмногу инволвирани.