Верификувана Програма за Негувателки на деца
Објавено: 08/03/2017
Чест ни е да Ве известиме дека Македонска Асоцијација на Дадилки го доби решението за верификација на посебна програма за „Негувателка на деца“. Со ова Решение нашата Асоцијација доби државна верификација и акредитација на Програма за негувателка на деца.
Програмата „Негувателка на деца“ e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со поголеми стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца.
По завршување на програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат „Негувателка на деца“ во детски градинки и домашни услови по верифицирана програма од Јавната установа Центар за образование и Установа верифицирана од Министерството за образование и наука на РМ. Во текот на обуката учесниците ќе бидат упатени и на полагање за лиценца за негувателка со што ќе се стекнат со сите услови за вработување како негувателка во системот на згрижување на деца.
Конкурс за обука како и услови за аплицирање ќе бидат објавени на нашата веб страна а истите ќе бидат проследени и по емаил до членовите на Асоцијацијата.