rf vkluceni site vklucenost za site

Ова е мотото под кое ќе се одвива регионалниот форум на Цивика мобилитас за источниот и југоисточниот регион на Македонија, кој ќе се одржи на 7 октомври 2016 г., петок, Мултимедијален центар канал 77, во Штип.

regionalen forum shtip agenda

Неколку документарни филмови и искуства на говорниците ќе бидат основа за разговорот за тоа како одредени групи луѓе се вклучени во општествените текови, односно, можеме ли заедно да ја подобриме социјалната инклузија.

Покрај тоа, во работни групи, учесниците ќе разговараат за спречувањето на миграциите и за намалувањето на невработеноста. Повеќе за содржините на регионалниот форум можете да видите во програмата.

Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на акции. Овој форум е наменет за граѓанските организации, граѓаните, медиумите, институциите и другите чинители од источниот и југоисточниот регион, но и за сите останати заинтересирани. Носечката тема е социјална инклузија, поточно потребната соработка за сеопфатна и целосна социјална инклузија, за која учесниците на форумот ќе можат да разменат мислења, идеи, искуства, како и да формулираат заклучоци и понатамошни заеднички акции.