Вкупен буџет: 1.797.865 МКД

Времетраење: 1.6.2019-31.8.2020

Конституенти

Како директни корисници ќе бидат опфатени млади новинарки и студентки по новинарство. Како индиректни корисници ќе бидат граѓански организации, медиуми и општата јавност.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Жени новинарки за посилно граѓанско општество“

За што е потребна акцијата

Жените новинарки иако сочинуваат најголем дел од работната сила во медиумите, сепак се на секундарно и маргинализирано ниво во управувачките структури. Последната анализа на ССНМ, покажа дека медиумите ги поседуваат и управуваат главно мажи. Жените новинарки ја немаат позицијата во медиумите која ја заслужуваат – еднакво да ги водат, управуваат, да одлучуваат за важните одлуки за медиумските содржини. Ваквата ситуација секако води и кон општиот низок сензибилитет во медиумските содржини за темите поврзани со родовите прашања, маргинализираните групи, човековите права итн. Темите на кои работат граѓанските организации, често се целосно маргинализирани и не се застапени во популарните (мејнстрим) медиуми. Во медиумите има се помалку млади новинар(к)и кои се соодветно образовани и тренирани за да се соочат со предизвиците на современото новинарство од 21 век. Споредбата на бројките од факултетите на новинарство покажува трендови на опаѓање и по пет, шест пати помалку запишани студенти од пред 10тина години. Во медиумите речиси и да нема мултимедијални содржини, мобилно новинарство, користење на модерни и современи дигитални алатки, истражувања, сериозни анализи, практика на дигитални трендови кои се користат во други земји.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Поттикнување на активен граѓански ангажман во граѓански иницијативи преку промовирање на професионално новинарство и подобрување на состојбата со жените новинарки во Македонија.

Специфична цел:

Поттикнување интерес кај медиумите и јавноста за теми кои се маргинализирани во медиумите, а се важни за граѓанското општество преку јакнење на капацитетите на 20 млади новинарки и студенти по новинарство во сферата на мултимедијалното и мобилното новинарство.

Резултати

  • Дизајниран курикулум за програмата за млади новинарки
  • Зајакнати капацитети на новинарките;
  • Изготвени 20 до 30 медиумски производи;
  • Зајакнати капацитети на 20 млади новинарки за мултимедија;
  • Изработени 20 – 30 мултимедијални медиумски продукти;
  • Изработени 10 локални видео мобилни стории од локални жени новинарки;
  • Реализирани седум јавни дискусии на локално ниво;
  • Регрутирање на нови 16 волонтери на локално ниво;
  • Потпишани 15 меморандуми за соработка со граѓански организации и Влада на Република Северна Македонија.;
  • Пошироката јавност е запознаена со резултатите од проектот.

Активности

  1. Средби со обучувачите и соработниците;
  2. Спроведување на тродневна обука за жени новинарки;
  3. Менторирање на изработка на конкретни медиумски концепти;
  4. Спроведување на тридневна обука за изработка на мултимедијални медиумски содржини;
  5. Менторирање на изработка на мултимедијални содржини;
  6. Распишување на Конкурс за жени новинарки на локално ниво за изготвување на мобилна сторија;
  7. Организирање Женски медиумски караван во седум градови;
  8. Потпишување на меморандуми за соработка со Влада на РСМ и граѓански организации;
  9. Организирање на јавен настан во Скопје.

Веб страница