Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на акции. Покрај тоа, националните форуми треба да ја подобрат интеракцијата и придонесат во соработката меѓу граѓанските организациите, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти.

Националните форуми претставуваат и уникатна можност граѓанските организации и други заинтересирани да се претстават, разменат мислења и искуства и да започнат соработка со повеќе граѓански организации од сите региони на Македонија и повеќето сектори на дејствување. На националниот форум во 2015 година, кој беше посветен на граѓанскиот ангажман и волонтерството, учество земаа 126 граѓански организации и имаше над 700 учесници и посетители.

Националните форуми се состојат од:

  • Панели, дебати, презентации на разични теми од интерес за граѓанското општество, каде учесниците разменуваат мислења и ставови и се договараат за заеднички изјави/манифести или акции. Настаните се организираат од Цивика мобилитас (проектната канцеларија и/или грантистите), но и од другите граѓански организации.
  • Social Change Market, изложбен дел каде граѓанските организации и други заинтересирани може преку штанд да ги презентираат своите резултати и постигнувања од работата или тековните активности и да ги информираат граѓаните за можностите за вклучување во граѓанските организации.

Националните форуми се одржуваат еднаш годишно и се наменети за граѓанските организации, граѓаните, медиумите, институциите и сите заинтересирани.

Повеќе информации за националниот форум одржан на 4 декември 2015 година може да најдете на:

Фотографии од настанот може да најдете на: