cm nacionalen forum 2016

Националниот форум ќе се одржи на 16 ноември 2016 г., среда, во хотел Дрим во Струга.

Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на акции. Покрај тоа, националниот форум треба да ја подобри интеракцијата и да се придонесе во соработката меѓу граѓанските организациите, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти.

Националниот форум претставува и уникатна можност да се претставите, размените мислења и искуства и да започнете соработка со над 100 граѓански организации од сите региони на Македонија и повеќето сектори на дејствување. Претставувањето можете го направите и во изложбениот тел (Social Change Market) со штанд (по претходна пријава).

Носечкиот панел е со наслов „Време на предизвици“ и е посветен на придонесот на граѓанското општество во унапредувањето на демократијата во Македонија. Покрај панелот, ќе се одржат десетина други настани, како дебати за некои од клучните општествени прашања, презентации на истражувања, видео приказни и сл. Во изложбениот дел од форумот десетици организации ќе ги претстават резултатите од својата работа.

Националниот форум е наменет за граѓанските организации, граѓаните, медиумите, институциите и другите чинители од целата земја.

programa nacionalen forum

Повеќе информации за настанот, вклучително и програмата и информации за превоз, ќе објавуваме и на официјалниот Facebook настан: https://www.facebook.com/events/362566724091354/

Ве молиме вашето присуство на националниот форум да го пријавите преку пополнување на кратка пријава на https://goo.gl/forms/HU2HZe97uenWjWD23, најдоцна до петок, 11 ноември 2016 г. до 12 часот.

Доколку ви се потребни повеќе податоци за настанот слободно контактирајте нѐ по е-пошта на forumi@civicamobilitas.mk или контактирајте некој од нашите грантисти: http://www.civicamobilitas.mk/mk/civica-mobilitas/za-grantistite.