Со овој водич сакавме волонтирањето да го направиме повидливо да го зголемиме нивото на информираност, да ја подигнеме јавната свест за значењето и важноста на волонтерската пракса и да отвориме нови можности за волонтирање. Тоа не значи дека е непроменлив. Напишан е за да се менува и дополнува, како што волонтирањето во Македонија ке се менува и развива. Се надеваме дека засега, ке биде практична алатка за младите и студентите. Дека ќе помогне во изнаоѓање форми за сопствената партиципација во граѓанското опшество и во процесот на донесување промени. Дека ќе придонесе за корисно структуирање на слободното време, стекнување знаења и работни вештини.