Еден од предизвиците со кои се соочува денешното општество и модерните демократии е отуѓување на граѓаните во политичките процеси.

Вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации е битен елемент во демократскиот процес. Тоа овозможува канализирање на различните гледишта на граѓаните на алтернативен начин и обезбедува мноштво на интереси во процесот на донесување одлуки.

Комитетот на министри на Советот на Европа во 2007 година, го признава „суштинскиот придонес што го дават ГО во развојот и остварувањето на демократијата и човековите права, особено преку унапредување на свеста на јавноста, учество во јавниот живот и обезбедување на транспарентност и отчетност на јавните власти”