Во однос на бројот граѓани и правни субјекти кои доставиле некакво управно или административно ба-
рање до одредена институција, се проценува дека во државата има околу 100.0001 предмети по кои се по-
стапува на годишно ниво. Тоа се т.н. предмети во управна постапка за кои јавните органи решаваат на годишна основа и за кои е донесена одредена одлука или решение. Во однос на тоа за колку од нив се жалеле граѓаните, се проценува дека правна заштита побарале помалку од 15 % од овие 100.000 предмети или тоа се околу 12-13.000 поднесени жалби од кој било вид.