Пред Вас е прирачникот за процена на потребите од асистивна технологија во инклузивните училиште. Идејата за креирање на еден ваков прирачник произлезе од актуелните состојби и потреби во нашето
образование. Инклузијата и компјутеризацијата на наставата се процеси што се случуваат во нашиот воспитно-образовен систем. Процеси што ги вклучуваат учениците со посебни образовни потреби.
Задача на секој од нас е да придонесеме кон креирање подобри услови за беспрекорно одвивање на образованието на сите ученици, бидејќи тоа е нивно основно право.