Оваа анализа произлегува и е дел од програмските активности на Коалицијата „Сите за правично судење“ во чии рамки во текот на 2010 година се набљудуваа судски постапки по предметите од областа на корупцијата во Република Македонија. Главна цел на истражувањето беше да се согледаат актуелните состојби и да се извлечат одредени заклучоци и препораки за ефикасноста на судовите и на другите надлежни органи во борбата против корупцијата, kako и да се оцени почитувањето и остварувањето на човековите слободи и права гарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори.