Коалицијата “Сите за правично судење” преставува организација во која членуваат граѓански организации од целата територија на Република Македонија. Основната мисија во досегашното постоење е следење на почитување на човековите права и слободи особено на меѓународните стандарди за правично судење преку разни форми на дејствување. Со развивање на програма за набљудување на судски предмети во врска со
корупцијата, Коалицијата започна во 2007 година преку шестмесечна пилот фаза именувана како “Проценка на потребите за развој на програма за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во РМ”.