Освен стандардите против дискриминацијата општо познати во документите на Обединетите
Нации (ООН), со кои не би го оптоварувале овој документи, во областа на забраната на дискриминацијата
врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет – Советот за човекови права (Human Rights
Council) на својата 17та сесија (jули, 2011) донесе одлука (со Резолуција) да се изготви Извештај од
Високиот Комесар за човекови права на Обединетите Нации на тема Дискриминациски закони и
практики и акти на насилство против индивидуите,врз основа на нивната сексуална ориентација и родов
идентитет. Извештајот беше изготвен и предаден на Советот во ноември истата година.