Публикацијата „Работни услови и рамнотежа помеѓу работниот живот: Родова анализа“ е подготвена врз основа на репрезентативно национално истражување спроведено во 2014 година во рамките на проектот „Совет за родова еднаквост“, имплементирано од страна на Реактор – Истражување во акција, а финансиски поддржано од Европската комисија преку инструментот за претпристапна помош (ИПА). Публикацијата е резултат на истражувачката компонента на проектот и има за цел да придонесе кон зголемување на базата на знаење за состојбата и статусот на жените на пазарот на трудот во државата, како и за тоа како нивните искуства се разликуваат од оние на мажите.