Процесот на Проценка на влијание на регулативата (ПВР) во Македонија се спроведува од 2009 година. Постапката треба да овозможи донесување одлуки, закони и политики засновани на истражувања, анализи, докази и факти од министерствата и Владата со вклученост на сите засегнати страни меѓу кои и пошироката јавност. Процесот од почеток на спроведувањето имаше иницијален напредок, но во последните години се соочува со низа предизвици. Во целиот овој период запознаеностa на јавноста со овој инструмент како и со нејзините ефекти е на ниско ниво што резултира со мала искористеност на алатките од ПВР кои овозможуваат вклучување на граѓаните и заинтересираните страни во создавањето на законите и политиките.