Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД, 2010), во 2010 година беше воспоставен сеопфатен систем за заштита од дискриминација на национално ниво со воспоставување посебно тело за заштита од дискриминација – Комисија за заштита од дискриминација (КЗД). Од процената направена во периодот декември 2014-април 2015 година се утврди дека e потребно градење на капацитетите на КЗД за подобрување на заштитата од дискриминација и зголемување на соработката на КЗД со другите мехнизми на локално ниво. КЗД функционира со седиште во Скопје, а ЗСЗД не предвидува децентрализација на ова тело и подобрување на пристапот до заштита од дискриминација на локално ниво.
Резултатите од процената ќе помогнат во понатамошно формулирање на активностите во насока на подобрување на постапувањето на институциите на локално ниво, градење на нивните капацитети и овозможување поквалитетна заштита од дискриминација врз основа на полот, родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.