Се претпоставува дека 10-15% лица од светската популација живеат со некој вид попреченост. Овие лица ги имаат истите потреби во однос на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) како и сите останати. Сепак тие многу често се соочуваат со пречки и бариери при пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје (WHO/UNFPA, 2009, p. 1). Најчесто непознавањето и негативните ставови на давателите на услуги ги подигнуваат овие бариери иако постоечките сервиси многу лесно може да се адаптираат на лицата со попреченост. Ова истражување е направено по иницијатива и во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во рамките на проектот „Сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост“.