Во современото демократско општество, полицијата претставува основен заштитник на човековите слободи и права. Тоа е првата адреса на која граѓаните помислуваат во случаите на најекстремните прекршувања на нивните слободи и права. Но, истовремено, нејзината улога е најпроблематична: полицијата и полициските службеници се тие што најчесто мора први на теренот да оценат дали и која законска одредба се однесува на фактичката ситуација и како треба да постапат за да ги заштитат жртвите, да спречат поголема штета и да постапуваат по случајот за да се осигурат дека сторителот на кривичното дело или прекршокот ќе биде изнесен/-а пред лицето на правдата.