Добредојде во воведната обука за информатичка технологија. Се надеваме дека по посетувањето на оваа обука ќе сватите колку можат да постигнат лицата со оштетен вид доколку научат да користат компјутер и доколку стекнат основни вештини од информатичката технологија. Оваа обука има цел поблиску да ве запознае со компјутерот како секојдневна алатка која може да ви помогне за многу задачи, како на пример пишување документи, испраќање електронска пошта или наоѓање информации на интернет.