Од вашето познавање на законските и подзаконските акти1 кои се однесуваат на локалната самоуправа ќе зависи колку ќе бидете активни и ефикасни во извршувањето на задачите што ви претстојат во текот на мандатот. Затоа, како прво, е потребно да се запознаете со фактот дека на локалната самоуправа во нашата држава е дадено посебно место во Уставот и во законите. За вас ова ќе значи дополнителна обврска со успех да ги извршувате обврските кои стојат пред вас, а со тоа да ја оправдате довербата која ви ја дале граѓаните.