Слободата на сопствена мисла и изразување е клуч во развојот, неприкосновеноста и независноста на секоја индивидуа. Преку слободно заземање ставови по определени теми и преку слободна размена на идеи и
информации со другите, луѓето можат подобро да се разберат самите себе и својата околина. Ова право уште повеќе им ја зголемува личната сигурност, но и безбедноста и почитта кон државата.