Транспаренси интернешнал – Македонија во соработка со здружението „Зелена лупа“ ја спроведува граѓанската акција „СИТЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ ДО ПРАВДАТА“, која е поддржана преку програмата за развој на граѓанското општество на „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“. Во текот на проектот, врз основа на 12 правосилно завршени судски предмети од областа на кривичното право, направена е анализа на можностите на правниот и институционалниот систем да обезбеди спроведување ефикасни, неселективни и непристрасни судски постапки во кои ќе биде обезбедена заштитата на човековите права преку примена на законите и правните принципи, а со цел да биде проверена законитоста на кривичната постапка и изречените казни, односно дали се изречени такви казни кои се засновани врз закон во соодветната постапка, докажани и соодветни на тежината на делото.