Младите од Куманово и Старо Нагоричане сакаат да се вклучат во донесувањето на одлуки на локално ниво, сакаат да ги кажат своите предлози, идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат.

Различни се потребите на младите од двете општини со оглед на фактот што едната Куманово е урбана средина со скоро 120.000 жители и втората е рурална општина со само 3.500 жители.

Но, заеднички им се визиите за убаво пристојно живеење во кое младиот човек ќе ги има сите потреби за градење на иднината во својата локална заедница.

Недостигаат многу работи од културни центри, до места за дружење, спортска и забавна инфраструктура, па сè до покрупни стратегии кои го решаваат нивниот горлив проблем со невработеноста.