Пристапот на оценување на Националниот систем за интегритет што се користи во овој
извештај овозможува рамка за анализа на недостатоците на дадена земја во однос на
корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Рамката ги содржи сите основни институции и чинители што ја формираат државата.
Тие ги вклучуваат сите гранки на власта, јавниот и приватниот сектор, медиумите и
граѓанското општество („столбовите“, како што е прикажано во дијаграмот подолу).
Концептот на Националниот систем за интегритет го разви Транспаренси Интернешнл
како дел од својот холистички пристап кон борбата против корупцијата. Иако не постои
модел за ефективен систем за спречување на корупцијата, има сè поголем меѓунаро-
ден консензус во однос на клучните институционални карактеристики што најдобро
функционираат во спречувањето на корупцијата и во промовирањето на интегритетот