Препораката за отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ во Извештајот на ЕК за Република Македонија од 2016 година е замрзната и повторно условена , како и минатата година. Комисијата ја условува препораката за почеток на преговорите со : напредок во имплеменација на договорите од Пржино, пред се одржување на кредибилни избори , значителен напредок во имплементацијата на итните реформски приоритети.