Се продлабочува проблемот со користење на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда, односно рационално и ефикасно трошење на јавните пари. Расте употребата на т.н. манипулативни критериуми како што се рок на изведба, рок и начин на плаќање; се забележува тенденција на доделување голем број бодови за критериумот квалитет без да се прецизира како тој ќе се вреднува, а се воведуваат и чудни и нејасни критериуми за избор на понудите.