Висок процент на поништени постапки за јавни набавки. Дури 15% од постапките за јавни набавки кои беа предмет на мониторингот се поништени со одлука на договорните органи. Овој висок процент на поништување е загрижувачки ако се има предвид дека тоа може да послужи како законски оправдан аргумент за примена на постапката за преговарање без објавување на оглас.