Шесте земји од Западен Балкан, сите аспирантки за членство во ЕУ, се наоѓаат во различни фази од процесот на интеграција во ЕУ. Карактеристиките на приодот на ЕУ кон проширувањето со земјите од Западен Балкан бараат овие земји да испорачаат конкретни, опипливи и одржливи резултати пред да станат полноправни членки. Во претходните рунди на проширувањето, ЕУ не применуваше вакви сложени механизми за да го оценува и да го следи квалитетот на спроведените реформи. Оваа ситуација е нова и за Европската комисија и за земјите-кандидатки,1 што значи дека и ЕУ учи од сопствените искуства и грешки и воведува иновации
во нејзината методологија за оценување на резултатите што ги направиле земјите-кандидатки. И самите земји од Западен Балкан инвестираат во развивање нови алатки и механизми за известување и за следење на постигнатите резултати. Конкретно, направени се подобрувања во однос на методите за собирање и анализа на податоци, квалитетот и веродостојноста на податоците, и поконструктивно вклучување на засегнатите страни од граѓанското општество.