Реформата на правосудниот систем подразбира низа сложени, честопати долгорочни и скапи мерки и активности, кои треба да ги спроведуваат мноштво институции, професионални здруженија и комори. Оттука, успехот на реформите во голема мерка зависи и од функционалноста и ефикасноста на координативните механизми за развој, спроведување, следење и оценување на реформите во правосудството. Дополнително, за обезбедување инклузивност, издржаност, остварливост и одржливост на реформите, значајна е не само координацијата меѓу надлежните институции, туку и меѓу јавните институции и граѓанскиот сектор.