Големината и опсегот на јавниот сектор на една земја не може да се дефинираат само преку прашањето „колку луѓе работат во јавниот сектор?“. Ниту, пак, е едноставно да се даде одговор на прашањето колку луѓе треба да работат или колку вработени е „нормално“ да има во јавниот сектор. Во оваа анализа ќе понудиме толкување на неколку карактеристики на јавниот сектор согледани од повеќе аспекти, со кои ќе дадеме одговори токму на тие прашања: колку голем треба да е јавниот сектор, дали е скап, дали и колку е квалитетен, и дали јавниот сектор во Македонија ја прави Европска земја или не.