Правниот систем на Република Македонија во однос на постапувањето по изборните нерегуларности предвидува два канали за институционален одговор. Првиот канал е постапката за заштита на избирачките права која се води пред изборните органи и претставува интегрален дел од изборниот процес, а вториот канал е казнено – правниот одговор, кој е облик на судска заштита на избирачките права. Во
рамки на проектот беше следен кривично правниот одговор на изборните нерегуларности кој имаше за цел да се идентификуваат клучните проблеми, истите да се анализираат и да се понудат препораки за нивно надминување.