Кога зборуваме за Извештајот на Прибе, најчесто мислиме на Итните реформски приоритети – документ на Европската комисија заснован на Извештајот, кој содржи конкретни препораки за дејствување. Ваквиот приод го носи ризикот да се занемари поширокиот контекст и суштината на наодите изнесени во извештајот, особено со оглед на новата посета на експертската група најавена за јули 2017 г. Затоа во овој документ најпрво се дава кратка оценка на спроведувањето на приоритетите, која се потпира на систематскиот мониторинг спроведен од Мрежата 23 во целиот период од изминатите две години.