Законот за заштита на правата на пациентите не заживеа. И во 2011 Министерството за здравство не ги исполни сите обврски кои произлегуваат од законот – назначување советници, формирање комисии итн. Иако Министерството за здравство беше задолжено да достави информации за формираните комисии
за правата на пациенти, министерството продолжи со нетранспарентноста. Министерството за здравство не ги надмина бариерите за отворање нови центри онаму каде што зависниците од дрога се принудени да патуваат големи растојанија за да земат терапија. Постојниот опфат на бесплатните програми за лекување е премал во однос на потребите на зависниците од дрога.