Центарот за развој на медиуми, во периодот од 1 јануари до 30 јули 2013 година, ја следеше работата на неколку институции кои играат важна улога во сферата на медиумите. Советот за радиодифузија (СРД) е една од најважните институции која, како независно и непрофитно регулаторно тело, се грижи за обезбедување на слободата и на плурализмот во изразувањето; за постоењето разновидни, независни, професионални и самостојни медиуми; за економски и технолошки развој на дејноста и за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност.