Целта на овој извештај е да даде преглед на досегашната примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (ЗПСЗСН) и прави обид да одговори на прашањето за неговата ефикасност. Потребата за изработка на овој извештај произлегува пред сѐ од фактот што се работи за Закон кој беше промовиран како новина во системот на заштита од семејно насилство и кој требаше да обезбеди ефикасна заштита на жртвите, но и да гарантира координирано постапување на институциите.