Истражувањето претставено во овој извештај се однесува на досегашните искуства во спроведување на процесот на инклузија на предучилишните установи од Општина Карпош. Истражувањето е дел од проектот „Инклузија во ран детски развој“ , спроведуван од здружението „Отворете ги прозорците“, во рамки на проектот Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) кој во земјава го спроведува Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Овој проект е дел од суб-грантираните проекти во рамките на проектот ПРЕЦЕДЕ кој е финансиран од страна на Европска унија Instrument for Pre-accession Assistance (IPA) Civil Society Facility (CSF). Истражувањето се спроведе во текот на месеците мај и јуни 2016 година.