Бројни искуства од различни земји во светот покажуваат дека развојот на современата технологија може да се искористи за поттикнување на вклученоста на лицата со попреченост во сите сфери на општеството.
Во тој поглед предводи асистивната технологија, чија примена овозможува да се надмине попреченоста и лицето максимално да ги развие своите способности. Асистивната технологија игра се поголема улога во сферата на образованието, придонесувајќи лицата со попреченост да ги остварат правата на образование и пристап до информации. За ова, веројатно нема подобар и попознат пример во светот од англискиот
професор и научник Стивен Хокинг.