Истражувањето претставено во овој извештај ги прикажува искуствата на 31 редовно основно училиште од Македонија кои користат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и употребата на асистивна технологија беше овозможено од Проектот за е-пристаппно образование на УСАИД, спроведен од здружението Отворете ги прозорците во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година. Истражувањето дава приказ на три главни прашања: примената, релевантностa (во однос на потребите) и квалитетот на процесот на воведување и употреба на асистивна технологија. Наодите и заклучоците се основа за изведување препораки за натамошно проширување на примената на асистивната технологија во редовното основно образование.