Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер. Преку проектот се поддржани 11 иницијативи за промени на закони што се однесуваат на човековите права во повеќе области: образование, здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација итн. Иницијативите се реализираат од страна на 12 организации што се директно вклучени во процесот на донесување закони преку: (1) Едукација за истражувања и документи за јавни политики; (2) Јакнење на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор; и (3) Интензивирање на
соработката со собранието и граѓанските организации.