Целта на оваа анализа е да обезбеди преглед на промените во законодавството и подзаконските акти, како и иницијативите на граѓанските организации и Европската унија за системски промени во медиумскиот сектор кои се релевантни за процесот на саморегулација во медиумите. Освен тоа, направен е преглед и на иницијативите за подготовка на етичка рамка како водич за подобрување на професионалното известување на медиумите, а пред се’ за јавниот радиодифузен сервис, односно Македонската радио телевизија (МРТ).