И во 2014 година продолжи негативниот тренд на неказнето физичко и психолошко насилство (говор на омраза) врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет (случај „Дамар“). Во 2014 година продолжи уште поорганизирано и борбата на ЛГБТИ активистите против физичкото насилство, говорот на омраза и структурното насилство,која кулминираше со неколку јавни протести пред Јавното обвинителство, во организација на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ). За жал, за повеќето случаи на хомофобично насилство „Истрагата е сеуште во тек“, а хомофобичните напаѓачи на „Дамар“ и на „ЛГБТИ Центарот за поддршка“ сеуште не се пронајдени и изнесени пред суд.