Земјите членки на овој протокол, Охрабрени од преголемата подршка на Конвенцијата за правата на детето, која ја покажува широко распространетата определеност што постои за унапредување и заштита на правата за детето. Потврдувајќи дека правата на децата бараат посебна заштита и повикувајќи на постојано подобрување на положбата на децата без разлика, како и нивниот развој и едукација во услови на мир и безбедност. Вознемирени од штетното и трајно влијание кое вооружените конфликти го имаат врз децата и
долгорочните последици кои ги оставаат врз трајниот мир, безбедност и развој. Осудувајќи кога децата се избираат за цели во ситуации на вооружен конфликт и директни напади врз објекти заштитени со меѓународното право, вклучувајќи ги и местата каде што општо се присутни голем број на деца, како што се училиштата и болниците.