„Европа, каде одиш?“, беше едно од клучните прашања кои ги постави претседателот на Европската комисија, Јункер, презентирајќи ја белата книга на институцијата во која 1 се предвидуваат 5 сценарија за иднината на ЕУ. Овој извештај е обид да се поттикне дебата за тоа во која насока сака да оди Европа по неочекуваната одлука на Велика Британија да ја напушти Унијата. Извештајот ќе биде свечено предаден на 26 март, во Рим, на 27 преостанати влади, кога се прославуваат 60 години од договорот од Рим. Петте сценарија ги изложуваат можните опции за тоа како Европа сака да продолжи од 2025 година. Она што нас нè интересира, во овој контекст, е дека проширувањето не е директна тема на белата книга. Напротив, фокусот на овој документ е насочен кон идниот развој на внатрешните состојби на Унијата помеѓу постоечките земји-членки ЕУ27. Сепак, развојoт на овие сценарија е од голема важност за земјите кои пристапуваат. Со оглед на тоа што Република Македонија сè уште не ги отворила преговорите со Унијата, многу веројатно е дека нашето можно пристапување ќе биде по 2025 година, што значи дека
ќе треба да се пронајдеме во едно од следните сценарија. Што може ова да значи за нас?