Во денешно време новинарството не може целосно да се разбере доколку се разгледува одвоено од глобализацијата. Самиот концепт на медиумска глобализација укажува дека не можеме да бидеме целосно сигурни дали медиумите довеле до глобализација или самите се резултат на тој процес. Во секој случај, „обезбедувањето привилегиран простор за медиумите во обликувањето на глобализираната иднина доведе до високи очекувања за меѓународното новинарство, сателитската телевизија и другите медиуми за обезбедување глобална работна јавна сфера, што ги прави лесна цел доколку не успеат во тоа“