Здружението Национален ромски центар-Куманово (НРЦ) заедно со Здружението на Роми АВЕНА-Кочани, почнувајќи од 01 Април до 31 Август 2017 година го следеа нивото на квалитет на седниците и нивната динамика, структурата на учесниците во процесот на донесување на одлуки во врска со меѓуетнички односи, дали во општината функционира Комисијата за односи меѓу заедниците и дали истата е консултирана, дали нивните мислења и препораки се земени во предвид, планирањето и алокација на средства, учеството на помалите заедници директно или индиректно како граѓани. Во текот на мониторингот ќе бидат изготвени 6 квартални извештаи за квалитетот на седниците на општинските совети во врска со учеството на помалите заедници во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Пред вас е петтиот извештај кој се однесува на период од 01 април до 31 август 2017 година.