Политичката нестабилност и социјална нееднаквост доминираа во пост-Југославија, за време и по нејзиното распаѓање (Bilic, 2016; Sajo, 1998). Во транзицискиот период на овие постсоцијалистички општества, недовербата во државните институции придонесе кон зголемена наклонетост кон Православната црква (Inglehart & Baker, 2000; Tomka, 2011). Црквата стана сèприсутна општествена и политичка сила која креираше идеологии и норми кои ги дефинираа општествените очекувања во многу земји, вклучувајќи ја тука и Македонија.