Анализата е изработена во рамките на проектот „Со здружени напори – кон нови европски стандарди за заштита на жените од родово базирано насилство“ (Coordinated efforts – Toward new European standards in protection of women from gender based violence) финансиран од Европската унија. Носител на проектот е невладината организација Автономен женски центар од Србија во партнерство со следните невладини организации: Национален совет за родова рамноправност од Македонија, Центар за жени-жртви на војната од Хрватска, Здружени жени од Босна и Херцеговина, Здружение СОС-телефон за жени и деца-жртви на насилство од Словенија и Женската мрежа против насилство од Европа-WAVE од Австрија. Соработник во проектот е Европското женско лоби.