Оваа анализа е изработена од правниот тим на Центарот за Развој на Медиуми. Како појдовен текст е користена верзијата на Законот за граѓанска одговорност на клевета објавен на веб страницата на Собранието на Република Македонија. При оценување на квалитетот на законот се користени принципи, стандарди и норми опишани во главата “основи начела и принципи“ во овој закон. Текстот има форма на
општа анализа и анализа на конкретни членови со препораки за нивно подобрување. Центарот за Развој на Медиуми ги повикува сите актери во процесот на изработка и донесување на законот да пристапат со крајна сериозност кон препораките затоа што потфрлање во имплементацијата на дел од препораките ќе доведе до сериозно загрозување на слободата на изразување.