Фискалната политика има за цел разумно да ги балансира двете стратешки цели на Владата на Република Македонија, кои се задржување на макроекономската стабилност и поттикнување на економската активност преку зголемување на квалитетот на јавните финансии, пред сè преку зголемување на капиталните расходи за подобрување на инфраструктурата и јакнење на капацитетите на приватниот сектор за раст и отворање нови работни места. Со оглед на големата глобална економска и финансиска неизвесност, од голема важност е проценката на одржливоста на надворешната позиција и фискалната одржливост на земјата. Потребата за овој вид на проценка е уште поважна кога се работи за мала и отворена економија со фиксен девизен курс,
како Македонија.