Опаѓа интересот на компаниите за учество во јавните набавки. Во дури 40% од мониторираните постапки понуди доставиле само една или две компании. Конкуренцијата, како еден од основните предуслови за ефикасно и рационално трошење на јавните пари, е само навидум обезбедена.